„Вечерњи лист“: Екслузивни податоци за борци на ИД од БиХ, Косово и Србија кои се уште се во Сирија
Терористичката организација ИД која секојдневно губи територии во Ирак и во Сирија е пред целосен крах бидејќи од нејзиниот т.н. калифат прогласен во Сирија и Ирак во 2014 година, останати се само неколку градови и квартови. Најголем дел од нив сега се во провинцијата Деир ез-Зор и Идлиб, а меѓу нив и борци од држави од поранешна Југославија кои се придружиле на терориситчката организација.
Загрепски Вечерњи лист објави ексклузивни податоци од доверливи извори добиени врз основа на следење и прислушкување, за тоа колкумина се и каде денеска живеат преживеани од поранешна Југославија кои се борат на страна на ИД.
Според податоците на весникот, поголема група џихадисти од БиХ со свои семејства се стационирани во Мајадин покрај градот Деир ез-Зор. Многумина од нив во Мајадин дошле од Рака, а некои од Мосул.
Меѓу нив е и Едвин Бабиќ, наречен Осман од Сараево кој работи за медиуми на ИД. Во Мајадин е заедно со некои од најозогласените терористи од БиХ како што е Инес Миџиќ од Бихаќ. Тој е еден од актерите во филмот Честа е во џихад, порака за Балканците, а во Мајадин побегнал со своето семејство. Неговиот прекар е Салахудин ал-Босни. Роден е во 1990 година и во тој филм, Инес брутално убива курдски борец.
Еден месец пред заминувањето требало да брани дипломаска работа од англиски јазик на Педагошкиот факултет во Бихаќ.
Во Сирија е заминат со Фикрет Хаџиќ, преку Истанбул од Сараево на 15 август 2012 година. Неколкупати се враќал во БиХ минувајќи на граничните премини непречено иако за него била распишана потерница.
Со него на 20 јуни 2013 година заминал и Един Зукиќ. Сопругата Едина Мулалиќ му се придружила на 1 август 2013 година. Салахудин кој работи за медиуми на ИД, зборува англиски, води и уредува портал за вести на ИД.
Миџиќ во Бихаќ бил познат како активист на невладина организација во која бил преведувач.
Во Мајадин е и уште еден озогласен терорист од БиХ, Јасмин Кесеровиќ, наречен Јапа познат од филмот во кој отворено повикува на убиство на луѓе од Балканот. Роден е во 1994 година во Завидовиќи заминал во џихад заедно со Бајро Икановиќ и Мидхат Ѓоно во 2013 година. Кесеровиќ се појавува под името Абу Мухамад ал-Босни. Кесеровиќ многу жестоко повикува приврзаници на убиство на неверници.
– Станете муслимани, убивајте христијани и нивни слуги во нивни градови и држави. Поставувајте им експлозиви под автомобили, убивајте како што можете и не правет разлики меѓу војници и цивили..Попрете се на Алах и помогнете им на браќата, нагласува тој во порака до приврзаници на ИД.
Меѓу борците од БиХ во провинцијата Деир ез-Зор е Алија Кесеровиќ од Велика Кладуша, кој е таму од 2014 година. Еден е од актерите во пропагандниот филм Структура на Хилафетот.
Тука е и Горан Павловиќ Абдулах, со воено име Ебу Убејде од Србија, роден во Белград кој прифатил ислам.
Во Идлиб е Един Зукиќ од Бановиќи во Босна кој меѓу првите ја напуштил БиХ. Тој е во редовите на Ал Нусра фронтот поврзани со Ал Каеда. Познат е како Абдулах Мухаџир, и сега е припадник на движењето Талибан во Идлиб. Со него се и неговиот брат Елведин Зукиќ и Јасмин Грабус познат како Саад Санџаки.
Весникот додава дека според информациите во кои имале увид, во Мосул во Ирак се борци од БиХ и од Косово. Таму заминале предводени од Бајро Икановиќ кој загинал во Мосул. Меѓу нив се и един Кахриман од Маглај и Сенад Хасановиќ од Сараево како и неколкумина од БиХ и Косово.
За хасановиќ има црвена потерница од Интерпол.
Голем број од тие припадници на вехабистите заминале во Сирија во 2013 година во градот Азаз на границата со Турција.
Тешко е да се верува дека тие џихадисти од простори од поранешна Југославија ќе се вратат во БиХ и соседни држави бидејќи најверојатно оние што ќе преживеат ќе бидат уапсени, додава Вечерњи лист.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно