Вечерен танц со куклите во кратовско Куклица

На локалитетот Камени Кукли во Кратово вечер ќе биде одржан настанот „Вечерен танц со куклите“ во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ , Куманово.
Настанот е поддржан до Министерство за кулутра на Република Македонија, во рамки на програмата „Нов културен бран 2018“.
- Со години работиме на тема зачувување на културно-историското наследство на североисточниот регион, зачувувајќи ги и промовирајќи ги сите стари обичаи и адети и останати културни добра, доближувајќи ги до помладите генерациии, зачувувајќи ги од заборав. Со оглед на тоа што наши познати млади музичари се повеќе ги преработуваат во поп, џез и други стилови песните кои ние ги издадовме од овој крај на носач на звук, решивме да организираме настан на кој ќе се пее, музицира и ужива под ѕвездите на овој локалитет во вечерен амбиент, со цел и да го промовираме како дестинација, неодминлива за посетители, но и амбиент за одржување вечерни перформанси, изјави Драган јакимовски, претседател на „Етно ризница“.
Рече дека камените кукли изгледаат импресивно на вечерна светлина и повика што поголем број гости да с епридружат на манифестацијата.
- Ние покрај со Министерството за култура настаните ги организираме и во координација со Музеј на град Кратово, локалните самоуправи и советите на општините Кратово, Куманово. Потпишавме меморандум за соработка со Крива Паланка, во Старо нагоричане организиравме еден настан-промоција на песните, така што соработката со сите општини од Североисточниот регион е на одлично ниво, додаде Јакимовски.
„Етно ризница“ во соработка со Музеј на град Куманово веќе има снимено документарен етно-филм „Камените кукли раскажуваат“ кој се прикажа на неодамнешниот фестивал за документарни филмови во Кратово, а веќе е во официјална конкуренција на „Златна камера 300“.
Ново на Сител
-

3 Мај – Без слободни медиуми нема демократија
-

Зголемен број на прегледи во дежурниот педијатриски пункт во Поликлиниката „Бит пазар”
-

Од конфликтот на Блискиот Исток до македонските пумпи: Колку поскапеа горивата?
-

Заштеди и до 50% при транспортот очекува прилепското стопанство ако се воведе железничкиот карго сообраќај
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
