Веб-портал за поддршка на бизнисот во општина Аеродром
Општина Аеродром изработи веб-портал за поддршка на бизнис-секторот (http://mspaerodrom.mk), на кој фирмите и невладините организации од оваа локална самоуправа ќе можат бесплатно да се промовираат и да добиваат сервисни информации.
Преку порталот претпријатијата можат да ги промовираат своите производи, но и сопствените брендови, акции, вработени во фирмите или успешни приказни.
Општина Аеродром преку овој портал ќе врши дневна промоција на фирми кои егзистираат на нејзината територија. Фирмите што сакаат да обезбедат бесплатна реклама треба да се регистрираат на порталот, да ги контактираат лицата одредени за соработка и да обезбедат материјал. Секоја фирма, која ќе достави материјал, ќе биде објавена на порталот. Единствен критериум што фирмата треба да го исполнува за да обезбеди бесплатна реклама на порталот е да биде регистрирана на територијата на општина Аеродром. Рекламирањето ќе се врши на принцип прв пристигнат-прв објавен.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе