Веб апликација „Мој пат“ за пријавување недостатоци на патиштата
Преку бесплатна мобилна апликација и веб платформа во рамки на проектот „Мој пат“ сите групи учесници во сообраќајот ќе ги идентификуваат и ќе ги пријавуваат недостатоците на локалните магистрални и регионални патишта во државата.
Проектот го спроведува Автомото сојузот на Македонија со поддршка на министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта. Целта е да се придонесе за квалитетна патна инфраструктура и безбеден сообраќај за сите учесници.
Според министерот Сугарески, новата веб алатка ќе биде од огромно значење бидејќи ќе придонесе да се воспостави ефикасен систем за утврдување на недостатоците на патиштата и нивно навремено отстранување со што ќе се придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
- Република Македонија постојано се залага за вклучување на модерните сообраќајни текови со кои ќе овозможиме поквалитетно и побезбедно користење на патиштата. Една од алатките за тоа е и оваа апликација, и ќе ни биде од огромна корист за идентификување на недостатоците на патиштата, рече Сугарески.
Недостатоците што ќе бидат пријавувани во иднина, најави, ќе се отстрануваат согласно приоритетите и капацитетите на надлежните институции.
- Со тоа ќе создадеме ефикасен систем на одржување на патната структура во државата. Бидејќи изградбата на патната инфраструктура е врвен приоритет на Владата, политиките што ги презема Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за државни патишта се во насока на обезбедување модерна, квалитетна и безбедна инфраструктура низ цела територија на државата, рече министерот за транспорт Сугарески.
Како што најавија од АМСМ, сите пријавени недостатоци ќе ги доставуваат до надлежните институции за нивно отстранување. Притоа, корисниците на мобилната апликација и на веб платформата ќе можат да го следат статусот на пријавените недостатоци на патиштата до нивното конечно отстранување.
АМСМ апелира граѓаните да ја користат бесплатната мобилна апликација „Мој пат“ која е наменета за андроид и iOS базирани мобилни телефони или да ја користат платформата www.mojpat.mk.
Ново на Сител
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција