В.д. претседателот на Кривичен суд Стојанче Рибарев поднесе оставка

В.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд Стојанче Рибарев поднесе оставка на функцијата од лични прилини, потврди денеска Судскиот совет на Република Македонија.
- На 25.10.2017 година ВД Претседателот на Основен суд Скопје 1 Стојанче Рибарев до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека поднесува оставка на функцијата и по неговото разрешување да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија. Според наводите во известувањето, причините за поднесувањето на оставката се од лична природа, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РМ.
Судскиот совет најавува дека во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница во врска со ова прашање.
Рибарев претходно, на 20 октомври го информирал Судскиот совет на Република Македонија дека од истиот ден се наоѓа на отворено боледување и негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска.
Стојанче Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава.
Ново на Сител
-

САД создаваат 12 милијарди долари залихи во руда - Македонија не ги искористува ресурсите
-

Државата размислува за изградба на државен дата-центар, но ниту една компанија не пројавила интерес за инвестиција
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
