Вчерашниот ден беше најсмртоносен откако се појави пандемијата
Бројот на заразените од коронавирус во 202 држави ширум Светот премина 500 000, а САД е на првото место по бројот на смртни случаи.
Од вкупно 536 илјади случаи, само 60 илјади потврдени се во изминатите 24 часа, а повеќе од 2.500 мртви во 59 земји ја зголеми бројката на 24 илјади починати, покажуваат бројките кои ги презентираше Ројтерс.
Вчерашниот ден беше најсмртоносниот ден откако изби пандемијата со коронавирусот.
Една третина од новозаразените се од САД каде што има масовни тестирања. Во последните 24 часа се откриени дури 17 илјади заразени, 281 лице почина што е најголема бројка откако вирусот се појавил во таа земја.
Кина најави затворање на границите од сабота, регистрираше пет смртни случаи и 55 новозаразени. Од тие 55, само два се со локална трансмисија, додека останатите дошле од некои од странските земји
Ново на Сител
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит