Вчера три напади од кучиња скитници, тројца скопјани завршија во болница
Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.С. (42) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 07.40 часот додека се движел по бул. „АВНОЈ“ бил нападнат од куче скитник, при што бил каснат во левата нога.
Потоа Н.С. отишол на лекарски преглед во приватна здравствена установа каде му била укажана лекарска помош, а од таму бил препратен на Инфективната клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Истиот ден околу 14.00 часот во Полициската станица Карпош , Х.С. (65) пријавил дека на ул. „Бањалучка“ бил нападнат од куче скитник и бил каснат во пределот од задната ложа на левата нога.
Третиот случај е забележан на автобуска постојка на ул. „Веле Марков“ во Скопје, додека Т.М. (34) поминувала со нејзиното малолетно дете, биле нападнати од две кучиња. Едно од кучињата ја каснало Т.М. за левата нога.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп