Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1065 издадени платни налози, 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за неправилно паркирање, 82 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, 14 санкции за возач почетник, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле осум возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и двајца пешаци. Исто така санкционирани се 44 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно возило заради техничка неисправност.
Санкциониран е и еден возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Трамп го нарече „шлаканица во лицето“ за САД шоуто на полувремето на Супербоул
-

Бројот на жртви во уривањето на зграда во Триполи се искачи на 13
-

Лавров: НАТО, ЕУ и ОБСЕ стануваат застарени организации
-

Откриена нова крвна група - решена мистерија стара повеќе од педесет години
-

ФСБ тврди дека зад атентатот врз генералот во Москва стојат украинската и полската разузнавачка служба
-

Зошто сите сакаат на Месечината и кој води во новата вселенска трка
-

Изминатата седмица санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар
-

ЦИК на БиХ: Синиша Каран е нов претседател на Република Српска
