Важно вест за возачите кои возат надвор од градските средини
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На патниот правец Неготино –Демир Капија, на делот од Неготино до местото викано Острово, ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од четири километри. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун