Ватиканскиот надбискуп Пол Ричард Галагер на средба со министерот Османи
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со секретарот за односи со државите на Светата Столица, надбискупот Пол Ричард Галагер, кој е во возвратна посета на Северна Македонија.
МНР соопшти дека на средбата е предвидено да се разменат мислења за билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, за најновите состојби и предизвици во процесот на интеграција на нашата држава во Европската Унија, заложбите за надминување на пречките за почеток на пристапните преговори, како и за руската инвазија на Украина и последиците врз европскиот континент.
По официјалната средба, предвидено е министерот Османи и надбискупот Пол Ричард Галагер да положат цвеќе на плочата на куќата на Мајка Тереза на градскиот плоштад.
Во рамки на посетата, надбискупот Галагер ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски. Галагер вчера имаше средба и со премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Преспанскиот форум за дијалог во Охрид на која, како што информираше владината прес-служба, беше истакнато дека дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Ватикан од нивното воспоставување бележат континуиран развој со високо ниво на меѓусебна доверба.
Покрај средбите со државниот врв, надбискупот Галагер ќе реализира и програма во организација на Католичката црква во Скопје.
Ново на Сител
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП