Ватикан со висока почит кон македонската традиција
Бронзениот релјеф со библиска тема, што претседателот Ѓорге Иванов во 2011 година му го подари на папата Бенедикт XVI, поранешниот поглавар на Римокатоличката црква, е изложен во централниот дел на Ватиканските простории и предизвикува огромно внимание и интерес кај бројни странски делегации, кои се во посета на Папата и Ватикан.
- Секој што го посетува Ватикан во службена или официјална посета може да го види нашиот подарок. Прекрасно е чувството да се види на какво место е подарокот што ние сме го врачиле на Папата и на Ватикан, изјави македонскиот претседател по средбата со папата Франциск.
За време на вчерашната аудиенција, јави известувачот на МИА, македонскиот претседател на папата Франциск му подари сребрен филигрански крст со автентични македонски рубини. Запрашан да ја објасни симболиката на подарокот, претседателот Иванов вели дека рубинот на тлото на Европа се наоѓа единствено во Македонија.
- Нашиот рубин е со истата боја како и официјалните облеки што ги носи Папата, така што нему навистина му претставуваше чест што добива еден таков подарок, што ја изразува и верата и традицијата и нашата специфичност, изјави македонскиот претседател.
И двата подарока, сребрениот филигрански крст со македонски рубини, како и бронзениот релјеф, кои ја отсликуваат токму македонската традиција, се подарени од претседателот Иванов на Државата Ватикан, во име на македонскиот народ и во знак на благодарност за високата меѓусебна почит и континуираното пријателство.
Бронзениот релјеф, со библиска тема, изработен од македонскиот скулптор Маријан Камиловски, претседателот Иванов му го подари на папата Бенедикт XVI на аудиенцијата по повод Денот на „Светите Кирил и Методиј “во 2011 година. Темата на релјефот, кој предизвика огромна восхит кај ватиканските власти е инспирирана од сонот на Свети Павле, кога му се јавува Македонец и го повикува да дојде во Македонија, со што христијанството почнува да се шири во Европа.
Ново на Сител
-
Уапсено 40-годишно лице од Куманово, возело со 1,57 промили алкохол во крвта
-
Уапсен кумановец, возел со 2,66 промили алкохол во крвта
-
Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме“
-
Трамп навести истрага против Сорос
-
Уапсен 43-годишен маж од кавадаречко, ја нападнал својата жена со метален предмет
-
Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено
-
Три лица повредени во сообраќајка во Струмица, меѓу кои и малолетник