Василевска: Владата крати средства за образованието
СДСМ крати над 29 милиони евра од Буџетот наменет за образование. Ветуваа инвестиции во образованието, подобри услови во основното, средното и високото образование кога беа во опозиција, а сега кога се власт образованието воопшто не е ни на нивната листа на приоритети.
Најголемо кратење во секторот образование е во делот на капитални расходи и инвестиции, во дело инвестиции и овие кратењата се 5 милиони и 700 илјади евра, додека за капитални расходи се кратат неверојатни 13 милиони и 530 илјади евра. Тоа се почитувани, над 19 милиони евра за инвестиции, што подразбира изградба и реконструкции на школи и научни установи, набавки на опрема и многу друго што е потребно за функционирањето на образованието.
Кратењата во образованието буквално се во сите сектори, почнувајќи од основно образование, каде се кратат над 1 милион евра, тоа се кратења во изградба и реконструкции на школи, набавка на опрема и материјали. Ова се пари кои власта ги крати од најмалите во образовниот процес, таму каде што се најнеопходни.
Власта крати и од ставките за средно образование и тоа 880.000 евра. Додека од ставката за ученички стандард се кратат неверојатни 1 милион и 750 илјади евра.
Високото образование е најзафатено од големите кратења на власта, секторот во кој ветуваа големи инвестиции денеска скратија 5 милиони евра.
Почитувани, студентите се идните академски граѓани, тоа се луѓето кои за година две по завршувањето на своето образование треба да се вклучат на пазарот на трудот и во општествениот живот во Република Македонија, оваа група луѓе беше најмногу манипулирана од страна на СДСМ, на кои им беа дадени многу ветувања, а за сега ништо од тоа да не реализираат, и сега само напротив да кратат и да ги отфрлаат настрана.
Намалување на средства има и во ставката за наука, тие со години ветуваа дека ќе се зголемат средствата и ќе се зголеми нивото на финансирање во науката, но сега не само што не го зголемуваат, туку напротив и го намалуваат.
Намалувањето на средства за образование е доказ дека оваа власт нема намера да инвестира и да работи за подобро образование. Со оваа власт, не само што образованието не оди напред, туку тоа напротив оди назад. СДСМ се покажа како неспособна да менаџира со образованието, токму затоа истата треба да си замине.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“

