Васил Гарванлиев дел од тимот на Бугарија за детска Евровизија
Десислава Димитрова и Мартин Стојанов ќе ја претстават денеска Бугарија на детската Евровизија, која се одржува во Париз.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарската песна за детската Евровизија е создадена од бугарско-македонски тим, кој се состои од претставникот на Евровизија 2021 на Северна Македонија Васил Гарванлиев, Давор Јордановски, Весна Малинова и Стан Стефанов, кој е автор на текстот на песната.
Во специјална порака кон бугарската публика за време на претставувањето на заедничката песна Васил Гарванлиев изјави дека проектот е своевиден мост на Балканот.
-Многу се радувам дека сум дел од бугарскиот тим за Детската Евровизија 2021, рече тој и изрази надеж дека верува оти нема граници во музиката и во обидите со љубов и соработка да се надмине омразата.
Истакна дека ова е еден мошне добар проект со големо значење. Ова е прво учество на Бугарија на детската Евровизија, по петгодишната пауза, потсетува дописникот на МИА од Софија.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг