Васил Атанасов со концерт ќе одбележи 40 години кариера
Македонскиот обоист Васил Атанасов со концерт насловен „Васил и пријателите“ ќе одбележи 40 години кариера. Концертот ќе се одржи вечер, од 20 часот, во Македонската опера и балет.
Диригент на концертот е Андреј Андреев од Бугарија, а ќе настапат баритонот Борис Трајанов, сопранот Весна Гиновска Илкова, Александар Дојковиќ, тенор од Србија, Кохар Андонијан-харфа (Бугарија), Јагода Тренеска Цветичанин-пијано (Хрватска), Драган Даутовски, Ратко Даутовски, Кристина Атанасова-виолина, Томе Атанасов-обоа, Тодор Светиев-пијано, Катерина Гелебешева Костадиновска-пијано, Скопскиот дувачки квинтет и Камерниот оркестар Скопски солисти.
На концертот на Атанасов ќе му биде доделена наградата „Златна лира“, највисоко признание што го доделува за животно дело Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ).
Васил Атанасов изјави дека е горд и задоволен од досега постигнатото. - Кога се прави една ретроспектива, гледам дека вредело да се работи и да се живее за музиката. Мојот пат или мојот живот беше музиката, потенцира Атанасов и изрази задоволство што на концертот ќе настапат и неговите деца, кои се дипломирани уметници.
Тој потсети дека е прв обоист и солист на Македонска филхармонија. Како обоист во Филхармонија има отсвирено повеќе од 1.200 симфониски концерти, повеќе од 200 солистички концерти, стотина во странство. Има снимено повеќе од илјада минути музика за Македонското радио, повеќе од 65 настапи со Камерен оркестар, 220 камерни концерти...
Неговите колеги и соработници Весна Гиновска Илкова и Тодор Светиев сметаат дека Васил е голем уметник, вљубеник во музиката, ентузијаст и врвен професионалец.
Васил Атанасов, кој има 59 години, во еден мандат беше директор на Македонската филхармонија. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои „Млад борец“ за најуспешно годишно остварување на полето на културно-уметничка продукција, за изведба на Концертот за обоа и оркестар од Рихард Штарус (1984), Плакета од конкурсот „Енрико Карузо“, Италија (1998), член на жири, Златна лира, највисоко признание на СМУМ (1990).
Добитник е на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје за врвни дострели, наградата „Феникс“ на општина Центар (2003), за врвни достигнувања во музиката, Спомен-плакета за јубилеј 30 години уметничка дејност, од Македонската филхармонија (2006), Годишна награда на Струмица за особени остварувања во областа на музиката (2008), Грамота и златен медал на Министерството за култура на Република Бугарија (2012), за развој, популаризација и соработка на полето на културата...
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот