-->
-->
„Вашингтон пост“: „Вранец“ меѓу најдобрите вина од Балканот и Мала Азија
-->
Американскиот „Вашингтон пост“ го смести виното „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година на винаријата „Стоби“ меѓу најквалитетните вина од Балканот и од Мала Азија.
Стручњакот Дејв Мекинтаер кој пишува за овој престижен американски медиум во текстот објавен месецов во тесната селекција го става „Вранец“ меѓу петте исклучителни вина од Балканот.
- Вранец е темно црвено грозје кое е поврзано со калифорнискиот зифандел и со балканскиот плавац-мали. Станува збор за прекрасно вино со убав мирис кое совршено оди со чадено месо или со говедска чорба, посочува Мекинтаер.
Деновиве и американскиот весник „Инфорум“, како и критичарот Рон Смит за „Пино Ноар“ истакна дека станува збор за вино кое вреди да се побара и Македонија ја опиша како силен играч во интернационалната винска сцена.
Критичарот на „Инфорум“ посочува дека „Пино Ноар“ е лесно црвено вино со рубин нијанса и со силна арома на шумска јагода.
- Поттекнува од Градско кое е на иста географска ширина со Бургундија и со Руската речна долина и регионот е познат по нивните вина „Пино Ноар“ и „Шардоне, пишува Рон Смит.
Македонската винарија е лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, и годишно произведува околу 4,5 милиони литри вино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен руски милијардер поради серија убиства
-
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб