„Вашингтон Пост“: Од октомври во Сирија загинале најмалку 67 ирански војници
Иран активно учествува во конфликтот во Сирија, за што доказ е и тоа што од почетокот на минатиот месец во оваа блискоисточна земја загинале најмалку 67 ирански војници и воени офицери, тврди американски весник „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на „ирански медиуми“.
Весникот наведува дека повеќе „официјални и полуофицијални ирански медиуми“ објавиле информации за загинување на ирански војници во Сирија и за нивните погреби.
Според „Вашингтон Пост“, во едно од изданијата дури е пренесена и изјава на врховниот ирански верски лидери, ајатолахот Али Хамнеи во врска со загинувањето на ирански генерал во Сирија.
- Објавувањето на (ваквите) информации... предизвика воодушевување меѓу аналитичарите, кои ги следат иранските медиуми, што се под строга државна контрола, наведува „Вашингтон Пост“.
Весникот тврди дека ирански воени сили учествуваат во копнените операции на сириската армија против бунтовниците, кои започнаа по стартот на руските воздушни напади врз цели во Сирија.
Според американски податоци, во борбите во Сирија учествуваат „меѓу неколку стотини и 2.000 илјади“ припадници на Вооружените сили на Ирак, наведува „Вашингтон пост“.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.