Вашингтон одобри продажба на оклопни возила на Романија за 2,53 милијарди долари
САД синоќа одобрија продажба на оклопни возила на Романија за 2,53 милијарди долари, објави официјалната агенција на Пентагон. Романија е сојузник на НАТО и сосед на Украина, која е во војна.
-Овој договор ќе ги поддржи целите на националната надворешна и безбедносна политика на САД со тоа што ќе овозможи подобрување на безбедноста на земја сојузник на НАТО, се вели во соопштението на Агенцијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста (ДСКА), во задолжен за продажба на оружје во странство.
Во соопштението се додава дека оваа испорака ќе го подобри капацитетот на Романија да се „соочи со сегашните и идните закани“ со обезбедување на веродостојни сили способни да ги одвратат противниците и да учествуваат во НАТО.
Романија граничи со Украина, која се бори против руската инвазија од февруари 2022 година. Оттогаш, САД ги забрзаа своите програми за помош и испорака на оружје за Киев и земјите на НАТО.
Американскиот Стејт департмент ја одобри продажбата на Романија и како што налага законот, агенцијата официјално го извести Конгресот. Конгресот треба да го ратификува договорот за продажба.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
