Вашингтон го поздрави конституирањето на косовското Собрание, очекува брзо формирање на Владата

Амбасадата на Соединетите Америкаснки Држави во Косово го поздрави конституирањето на новото косовско Собрание и му честита на пратеникот на Движењето Самоопределување (ВВ) Глаук Коњуфца за изборот на парламентарен спикер, јави дописникот на МИА од Приштина.
Американското дипломатско претставништво во Приштина очекува од лидерите на партиите победнички на октомвриските вонредни парламентарни избори, ВВ и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) во најкрато рок да постигнат договор за формирање на идната заедничка влада на тие две партии.
– Амбасадата на САД го поздравува конституирањето на Собранието на Косово и му честита на претседателот Глаук Коњуфца и на другите членови на собраниското Претседателство. Ние ги охрабруваме политичките лидери веднаш да ја формираат новата влада, која треба да се ангажира за исполнување на ветувањата што ги дадоа на електоратот. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада на итните прашања кои се однесуваат на мирот, правдата и просперитетот, се вели во синоќешното соопштение на американската амбасада.
Ново на Сител
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
