Вашингтон го отфрли барањето на Москва иднината на источна Украина да се одлучи на референдум
САД го отфрлија денеска предлогот на Русија, за судбината на источна Украина да се одлучи по пат на референдум. САД сметаат дека референдумот нема да е легитимен, бидејќи реонот не е под контрола на украинската влада.
Предлогот се појави деновиве по самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, кој се одржа во понеделникот во Хелсинки.
- Администрацијата не планира да поддржи референдум во источна Украина, изјави Гарет Маркис, портпарол на Советот за национална безбедност при Белата куќа.
Маркис додаде: „Организирање на т.н. референдум во дел од Украина, кој не е под владина контрола, нема да биде легитимен".
Од Белата куќа подвлекоа дека мировниот договор од Минск, потпишан во 2015 година, не вклучува можност за референдум.
Се очекува европските сојузници на САД, исто така, да се спротивстават на референдумот во Донбас, кој е под власта на проруски сепаратисти.
Според неименувани лица, кои присуствувале на изјавата на претседателот Путин пред руските амбасадори и постојани претставници во Москва, во Хелсинки рускиот лидер предложил одржување референдум за решавање на конфликтот во источна Украина
Ново на Сител
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница
-
Пронајдена дрога и пиротехника кај велешанец