Вашингтон доби пристап до сите воени бази во Скандинавија

Шведска и САД потпишаа договор во областа на одбраната што му овозможи на Вашингтон пристап до сите воени бази во скандинавските земји, соопшти шведското Министерство за одбрана.
Шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон изјави дека договорот потпишан вчера во Вашингтон „ќе создаде подобри услови за Шведска да добие помош од САД во случај на војна или криза“.
Тој објасни дека договорот не значи дека САД ќе ги користат сите 17 воени бази, туку дека најважно за Вашингтон е да можат да складираат одбранбена опрема онаму каде што им е најпотребна.
Договорот во Пентагон го потпишаа Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин, кои по тој повод изјавија дека капацитетите на шведските вооружени сили ќе го зајакнат НАТО
„Договорот испраќа силен сигнал дека остануваме посветени заеднички да ги решаваме безбедносните предизвици“, рече Остин.
САД постигнаа сличен договор со западниот сосед на Шведска, членката на НАТО Норвешка, во 2021 година и во моментов преговараат за таков договор со членките на НАТО – Финска и Данска, две други нордиски земји
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
