Варвициотис: За европската перспектива на соседната земја потребно е исполнување на обврските од Договорот од Преспа
Исполнување на обврските од Договорот од Преспа, напуштање на секаков иредентистички елемент и почитување на владеењето на правото, се точките на кои, според грчкото МНР, се осврнал алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, говорејќи за европската перспектива на нашата земја за време на состанокот на Советот за општи прашања во Брисел, jави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, на состанокот на кој главна тема била подготовката за Европскиот совет на 17 и 18 октомври, Варвициотис посебно се осврнал на спроведувањето на Договорот од Преспа, истакнувајќи дека за Грција да ја поддржи интегративната перспектива на северниот сосед, „услов од кој не се отстапува е веднаш да се исполнат обврските што произлегуваат од потпишувањето на договорот, а се однесуваат на усогласеност со уставните промени што беа усвоени, целосно напуштање на било кој елемент на иредентизам и почитување на владеењето на правото“.
-Во подготовките за следниот Европски совет, на агендата беа ставени одредени теми што многу се однесуваат на Грција. Првото е проширувањето со земјите од Западен Балкан и во однос на тоа побаравме нашите соседи да го почитуваат владеењето на правото, правилата на добрососедство и секако, да им служат на договорите што ги имаат потпишано, како што е Договорот од Преспа, рече Варвициотис по завршувањето на состанокот.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, во однос на проширувањето на унијата, истакнал дека Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но под поставените предуслови.
Во однос на Албанија, рекол дека услов е земјата да ги исполни во целост петте приоритети поставени од унијата и да даде особено значење на правата на грчкото национално малцинство.
Во обраќањето на вчерашниот состанок, Варвициотис истакнал дека Грција го поддржува барањето на Кипар, на следниот Европски совет да се разгледа и прашањето со турските прекршувања и ескалацијата на нелегалните активности во Источниот Медитеран.
-Го поставивме прашањето за турската провокација, како во однос на прекршувањата на суверенитетот на Кипар, така и за заканите со кои се соочува нашата земја во бегалското прашање. И, секако, ја поставивме и побарувачката рамка преку која Грција доаѓа да бара дел од растот на Европа, во следната повеќегодишна финансиска рамка. Грција престана да биде земја која бара помош. Она што го бара е правото и можноста да се развие за да го постигне ритамот на развој и животниот стандард што го имаше пред кризата, рече Варвициотис по вчерашниот состанок.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода