Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната
Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот“, јави дописничката на МИА од Атина.
На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.
-Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.
Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат.
-Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис.
Ново на Сител
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта