Вархеји: ЕУ подготвува економски план за развој на Западен Балкан
Европската унија подготвува економски план за развој на земјите од Западен Балкан што ќе биде претставен на Самитот ЕУ-Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај, соопшти еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
Економскиот план е еден од трите чекори што ги презема Европската комисија во рамки на реформата на преговарачкиот процес, а кои треба да помогнат за ефиканска трансформација на општествата во земјите од регинот и да обезбедат конретни резултати.
Другите два чекора, покрај економскиот план, се однесуваат на измената на методологијата за проширување на ЕУ и отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија.
Вархеји, во пишан одговор на прашање од словенечката европратеничка Ирена Јовева за евопреспективите на регионот, вели дека ЕК усвои нова стратегија за проширување што ги опфаќа земјите од Западен Балкан со цел да се даде нов импулс во тој процес, правејќи го кредибибилен, динамичен и предвидлив, и давајќи му силен политички поттик. Тоа, вели Вархеји, доведе до позитивна одлука за старт на преговорите за членство со Македонија и Албанија.
– Поддршката на земјите од Западен Балкан во исполнувањето на условите за членство во ЕУ останува приоритет на ЕК. Работиме на тоа да ги пообриме расположливите алатки за поддршка на тој процес. Конечно, напредокот на европскиот пат зависи од способноста на секоја земја кандидат да ги спроведе реформите и да покаже резултати со кои ќе докаже дека се исполнети условите кои и се поставени, истакнува евокомесарот Оливер Вархеји.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци