Фудбал
25. August 2017 - 8:54

Вардаровите фудбалери пречекани од навивачите доцна во ноќта

По остварениот историски успех на клубот и пласманот во групната фаза од Лига Европа, експедицијата на Вардар (фудбалери, стручен штаб и раководство) ноќеска околу 2:30 часот слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Бројни навивачи во доцна во ноќта ги пречекаа своите миленици и нови херои, со многу песни, а лицата на сите им беа радосни.

За обезбедениот пласман во групите сопственикот на тимот Сергеј Самсоненко ветил висока премија. Се споменува сума од 500.000 евра која првично била договорена пред почетокот на натпреварите во квалификациите.

Фудбалерите ќе добијат слободен ден, а потоа дел од нив треба да им се приклучат на националните селекции. 

 

фото: www.fkvardar.mk