Фудбал
31. October 2018 - 15:56

Вардарци среќно до победа над Македонија ЃП

 
Со двата гола постигнати во последните минути од натпреварот одигран во Ѓорче Петров, фудбалерите на вардар ја победија Македонија со 3-1. 
 
Иако вардарци поведоа рано уште во 19-минута со голот на Вилиан, сепак во вториот дел откако Божиновски во 54 минута го израмни резултатот, црвено-црните тешко стигнаа до победата. 
 
Во самиот финиш односно 90.минута, Дарко Мицевски со удар од работ на шеснаесетникот, успеа да постигне гол, а во третата минута од судиското дополнение (90+3) Јован Поп Златанов ги постави конечните 3-1.
 
Неизвесно беше и во Тетово каде Ренова и Силекс одиграа без победник 1-1. Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Гостите од Кратово поведоа преку Дарко Алексовски во 67.минута, а Влатко Стојанов во 79-тата го израмни резултатот. 
 
На останатите средби од 12.коло на ПМФЛ беа постигнати овие резултати. 
 
Беласица - Шкендија 0-2
Работнички - Победа 3-1
Шкупи - Академија Пандев  1-0
 
ТАБЕЛА:
1 Вардар 27 бодови 
2 Шкендија 25
3 Академија на Пандев 19
4 Работнички 17
5 Победа 14
6 Ренова 13
7 Македонија ЃП 13
8 Беласица 13
9 Шкупи 12
10 Силекс 11