-->
-->
Вардарци го одбраа Пробиштип за домашен терен во претпоследното коло
-->
Актуелниот шампион и лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар ќе игра како домаќин во Пробиштип, во претпоследното коло од првенството.
Ова е одлуката на клубот по казната која ја заработија црвено-црните, а по немилите настани кои се случија на натпреварот против Шкендија, одигран во рамките на 27.коло.
Дисциплинската комисија при ФФМ, реши да го казни Вардар, наредните два меча како домаќин во Првата лига, да ги игра на терен оддалечен 100 километри од главниот град.
Така, Вардар, во недела со почеток од 16 часот, на градскиот стадион во Пробиштип ќе го пречека Шкупи, во дуелот од рамките на претпоследното 31.коло. На вардарците ќе им биде доволен и бод за да ја освојат јубилејната десетта шампионска титула во клупската историја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Германците и турците најбројни туристи
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите