Фудбал
20. јуни 2016 - 12:13

Вардар во 2.коло од квалификациите од ЛШ против Динамо Загреб

Македонскиот првак Вардар во 2.то квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе игра против хрватскиот првак и ланскиот учесник на Лигата на шампионите Динамо загреб. Првиот натпревар се игра на 12 или 13.јули во Скопје, а реваншот е на 19 или 20.јули во  Загреб. 

Ова е епилогот на ждрепката од Лигата на шампионите што се одржува во Нион, додека нашите екипи во Лига Европа Силекс, Работнички и Шкендија ривалите ќе ги дознаат по 13 часот кога ќе се извлекуваат двојките за Лига Европа.

Во другите двојки од групата 1 ќе играат:

Карабах - Дуделанж

Шериф - Хапоел

Тренчин - Олимпија Љубљана

Салцбург - Лиепаја