Ракомет
9. October 2016 - 22:51

Вардар уште еднаш подобар од Целје

 
 Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва забележа победа на гостувањето кај Целје со резултат 32:26 уште една убедлива по триумфот во СЕХА над истиот противник со 11 голови разлика. Ова беше дуел од 3.коло во Лигата на шампионите по кое „црвено-црните“ имаат максимални три победи и шест бодови.
 
Вардар до победата стигна со подобра игра во второто полувреме, откако првото заврши нерешено 15:15
 
Најефикасен во редовите на Вардар беше Мијајло Марсениќ со шест погодци, Тимур Дибиров постигна пет.
 
За домаќинот најмногу погодоци постигнаа Жика Млакар и Вид Потеко, двајцата  по пет пати се запишаа впо листата на стрелците.
 
Резултати на другите натпревари од 3.коло од Б групата:
 
Кристијаштад – ППД Загреб 29:22,
Мешков Брест – Рајн-Некар Левен 30:28 и 
Сегед – Целје 27:29.
 
Табела: Киелце 6 бода, Вардар 6, Сегед 3, Рајн-Некар 3, Целје 2, Мешков Брест 2, Кристијаштад 2, ППД Загреб 0.