-->
-->
Вардар со многу дилеми околу составот за дуелот со Колдинг
-->
Македонскиот ракометен првак во сабота (5.декември) го игра последниот натпревар оваа година во групата од Лигата на шампионите, а во Скопје ќе допатува данскиот тим Колдинг. Вардарци на гостувањето во Данска го претрпеа првиот пораз оваа сезона во групата откако беа во серија од четири победи. Колдинг славеше со 33:31 на првиот дуел. Сега ситуацијата е поинаква – Вардар е во серија од три порази.
На денешната прес конференција тренерот Раул Гонзалес изјави:
- За нас е ова многу важен натпревар. Потребни се два бода за подобар пласман во групата. Колдинг е добар тим, играат добра одбрана и контранапад. Ние имаме потешкотии во составот со повредени играчи и не го знаеме составот со кој ќе настапиме. Карачиќ не тренира 10 дена. Неизвесен е и Македа, Шишкарев е болен, Брумен е истотака неизвесен. Штербик не тренираше и очекувам на денешниот тренинг да видеме со кои сили ќе располагаме.
Капитенот Филип Лазаров потенцираше:
- Ќе треба да се победи, особено по трите порази во Лигата на шампионите за да се одржиме во горниот дел од табелата. Колдинг е во форма, одиграа добри натпревари. За нас е важно да победиме и оваа година да ја завршиме со победа во Лигата на шампионите.
Натпреварот Вардар – Колдинг се игра во сабота со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ и САД заеднички ќе работат на враќање на украинските исчезнати деца
-
Министерот Панче Тошковски демантира дека убиената Росица му барала помош и му испратила СМС-порака
-
АХВ дел од првата GF-TADs регионална конференција за приоритетни прекугранични болести кај животните
-
Почина италијанската фимска икона Клаудија Кардинале
-
Претседателката Сиљановска – Давкова на средба со Гутереш во Њујорк
-
Џими Кимел во емотивен монолог рече дека никогаш немал намера да ја омаловажи смртта на Чарли Кирк
-
ФИФА планира да го одржи Светското првенство во 2030 година со 64 репрезентации
-
Скопје меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот