-->
-->
Вардар првпат сезонава игра „Меч на неделата“ во ЛШ
-->
Првпат сезонава натпревар на европскиот првак Вардар е избран за меч на колото во лигата на шампионите. Во сабота во Скопје гостува Рајн Некар (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански"), тим што заедно со Вардар немаат пораз по седум одиграни натпревари.
Ова ќе биде седми меѓусебен натпревар на Вардар и Рајн Некар во лигата на шампионите. Досега Вардар победил на четири натпревари, а лани билансот е 1-1. „Црвено-црните" победија на мечот во Германија со 33-27, а потоа загубивме на дуелот во Скопје.
Како лидер во групата Вардар сака да остане на тоа место, а следните два викенди се играат и двата меча со Рајн Некар. Сега прво во Скопје, а потоа во Германија.
Раул Гонзалес - тренер на Вардар
„Ќе играме против шампионите на германска лига, очекувам тежок и чуден натпревар. Чуден бидејќи тие имаат секогаш непријатна тактика „7 на 6", затоа нашата одбрана треба да биде многу подобра. Имаат навистина добри играчи од кои се очекува многу. Многу нешта зависат од тоа како ќе одигра Енди Шмид, тој има добра сезона и од него ќе зависи играта на Рајн Некар. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последно место бидејќи ни требаат навивачите. Сега сме прво место и сакаме да остане така до крај.
Лука Циндриќ може да игра, но мислам дека нема да биде спремен бидејќи му треба тренажен процес од 7 дена и ние мнема да ризикуваме бидејќи екипата е во одлична форма".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни