Вардар победник на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“
Екипата на Вардар вечерва го совлада Алкалоид со 25:23 во финалето на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Вардарци во салата „Билјанини Извори“ го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар. највисока предност имаа во првото полувреме (11:3), а Алкалоид најблиску дојде до минус 1 (20:21), но не успеа да направи целосен пресврт.
До трофејот на овој турнир Вардар дојде со максимални четири победи. До финалето стигнаа со победи над домаќинот Охрид, Партизан (Србија) и Целје (Словенија).
Третото место без борба го освои словенечки Целје откако непосредно пред почетокот на мечот грчки Олимпијакос го извести организатотот дека поради неповолниот здравствен биланс екипата не може да настапи во малото финале.
Екипата на Партизан го совлада Динамо Панчево со 25:19 и го освои 5. место.
Домаќинот Охрид го освои 7. место, откако го совлада Ловќен со 42:25.
Ново на Сител
-
Најстудено и утрово во Берово со минус пет степени
-
Мицкоски и Меџити ќе се обратат на свечена академија по повод Денот на албанската азбука
-
Медведев: Добивте тоа што баравте
-
Се очекува нормализирање на јавниот превоз во Скопје - Најавен протест околу 14 часот
-
Просечната нето плата во септември 41 585 денари
-
Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“
-
Зеленски до сојузниците: Путин ве тестира, мора силно да одговорите
-
Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече