Вардар организатор на два силни турнири
Од 24.август (понеделник) до 1.септември (понедленик) машкиот и женскиот ракометен шампион на Македонија Вардар ќе биде домаќин на два силни турнира, кои се организираат по повод првиот роденден на СЦ „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“.
Први турнирот ќе го играат мажите, а шест екипи ќе бидат поделени во две групи.
На турнирот ќе играат: Металург, Кристијанштад, Краснодар, Нексе и Чеховски Медведи. Секој ден додека се играат дуелите од групите ќе има по два натпревара на ден во термините од 18 и 20 часот, а последниот ден кога се игра за пласман ќе има три натпревари. Сите екипи доаѓаат во полн состав и затоа очекуваме добри и квалитетни натпревари, изјави Билјана Црвенковска, заменик директор на РК и ЖРК Вардар.
На женскиот турнир што стартува на 29.август ќе играат: Будуќност, Подравка, Лајпциг, Савехоф и Ростов Дон на женскиот . Распоредот за натпревари е ист како и кај мажите.
На двата турнира ќе има и награден фонд, кој вкупно изнесува 36.000 евра. Во машка конкуренција првопласираната екипа ќе добие 15.000 евра, втората 10.000, а третата 5.000. Кај жените победникот ќе биде награден со 5.000 евра, вториот тим со 3.000, а третопласираниот со 1.000 евра.
Машкиот турнир, в понеделник, ќе го отвори градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, а женскиот турнир претседателот на ЖРК Вардар, Гордана Нацева. Влезниците за турнирите веќе се пуштени во продажба на билетарницата во „Јане Сандански“, по цена од 200 денари за трибини и 400 денари во ВИП-ложата. Тоа се дневни билети кои важат за сите мечеви кои се играат во текот на денот.
Распоред на натпревари на машкиот турнир:
24.август (понеделник): Металург – Кристијанштад (18 часот), Вардар – Нексе (20 часот)
25.август (вторник): Металург – Краснодар (18:00), Вардар – Чеховски М. (20:00)
26.август (среда): Кристијанштад – Краснодар (18:00), Нексе – Чеховски М. (20:00).
27.август (четврток): за 5.место (16:00); за 3.место (18:00) и финале (20:00).
Ново на Сител
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Албанската влада ќе ги обнови опожарените куќи, а ќе ги обештети и земјоделците
-
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична против лице од Скопје
-
Приведена скопјанка поради криумчарење шест мигранти од Египет