-->
-->
Вардар и Работнички: Респект за ривалот, трофејот за подобриот
-->
Освојувачите на пехарите во ланските натпреварувања во домашниот фудбал Вардар (шампион) и Работнички (Куп победник) утре ќе ги одмерат силите во рамките на Супер купот. Ова е по третпат да се одигрува Супер купот на Македонија, а досега по еден триумф имаат Вардар и Шкендија.
Во пресрет на дуелот денеска беше одржана и прес конференција.
Тренерот на Работнички Игор Ангеловски за новиот предизвик на неговиот тим по успешните настапи на евро сцената истакна:
- Очекувам поголем број гледачи да дојдат да го проследат дуелот. Ќе играат два квалитетни тима и очекувам квалитетен натпревар. Кој ќе биде подобар нека победи. Вардар е тим за респект, но верувам дека моите играчи ќе направат се да го освојат трофејот.
Гоце Седлоски, кој го предводи шампионскиот тим на Вардар изјави:
- Вардар на секој натпревар игра на победа. Добро го познаваме Работнички. Се надевам на добар натпревар и подобриот нека победи.
Двајцата тренери истакнаа дека ќе настапат во најсилниот состав и дека ќе нема тактизирање, но откако ќе ја видат состојбата во екипата.
Играчот на Вардар, Никола Глигоров истакна: - Вардар како шампион мора да „оди“ на победа на секој дуел. Со триумф и да ги задоволиме нашите навивачи, а со добра игра и малку среќа да дојдеме до трофејот.
Од играчкиот погон на Работнички капитенот Блаже Илијоски изјави:
- Ова ќе биде еден натпревар за уживање, без поголемо значење. Очекувам добар натпревар, па нека победи подобриот.
Седлоски изјави дека по вечерашниот тренинг ќе ги знае стартните единаесет, додека неговиот колега од спротивниот табор Ангеловски најави дека ќе играат само оние кои се здрави, бидејќи во изминатиов период настапите во европските купови кај некои играчи оставиле трага.
Натпреварот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот, со директен пренос на ТВ Сител 3.
Вардар и Работнички веќе во недела ќе одиграат уште еден натпревар во рамките на 8.коло првенството на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници