Вардар елиминиран од Лозана во Конференциската лига на УЕФА

Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА Вардар го заврши настапот сезонава во еврокуповите. „Црвено-црните“ се елиминирани од швајцарската екипа Лозана која во реваншот од второто квалификациско коло забележа победа од 5:0 и со тоа ги анулираше 2:1 за Вардар од првиот дуел во Скопје.
Дека се решени да ја анулираат предноста на Вардар, домашните покажаа на самиот почеток на дуелот кога со голот на Ное Дисене во 16.минута поведоа со 1:0. До крајот на првиот дел Лозана постигна уште два гола, а стрелец беше Кали Сене во 33.минута и во 45+2 минута. На 4:0 зголеми Албан Ајдини во 55.минута, а конечните 5:0 ги постави Сејду Траоре во 84.минута.
Вардар на овој натпревар имаше поддршка и од трибините како од навивачката група „Комити“, така и од Македонците кои живеат и работат во Швајцарија.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
-

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување
-

Повторно затворен граничниот премин Евзони
