-->
-->
Вардар домаќин на Шкендија во дербито на колото во ПМФЛ
-->
Втората пролетна рунда од домашниот фудбалски шампионат на Македонија го носи големото дерби меѓу Вардар и Шкендија екипи кои се најсериозни претенденти за шампионскиот трофеј и годинава.
Овој меч е од висок ризик, а од тие причини претставниците на двата клуба заедно со МВР и ФФМ донесоа одлука дека на натпревраот нема да има навивачи на тетовската екипа. Затоа влезниците ќе се продаваат само со приложување на личен документ и тоа на билетарницата на северната трибина која ќе работи до 13:45 часот.
Дуелот од 20.коло ќе се игра во Скопје на националната арена „Филип Втори“ со почеток од 14 часот, а ќе го суди Александар Ставрев.
Покрај овој натпревар попладнево ќе се играат и средбите: Ренова - Македонија ЃП, Шкупи – Работнички и Силекс – Победа.
Во воведниот меч од ова коло, одигран вчера во Охрид, Пелистер со 2:1 ја победи Брегалница.
Табела: Вардар 44 бодови, Шкендија 40, Пелистер 33, Работнички 31, Ренова 26, Силекс 24, Победа 16, Шкупи 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 11.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки