Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа

Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф.
По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11.
Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.
Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции.
Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот.
Ново на Сител
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
-

Сопственикот на објектот каде беше „Пулс“ бара ослободување поради сепса и бактерија, судијката го предупреди со притвор
-

Почина д-р Ванчо Андреевски, истакнат невропсихијатар
-

Газда Дeко се жалел на чести претреси и барал смена на душек, не на нечовечко однесување - велат од затворот во Куманово
-

Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година
-

Иранска Црвена полумесечина: Во американско-израелските напади оштетени се најмалку 105 цивилни објекти
-

Одбраната побара спојување на постапката за пожарот во „Пулс“ со новиот обвинителен акт против 13 полицајци
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
