Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 загубија вечерва во Скопје од Порто со 22-26 и со вториот пораз во третиот натпревар во групата Ф значително ги намалија шансите за пласман во втората фаза во Лига Европа.
Вардар имаше рано водство од 3-2 кога му дозволи на португалскиот тим да влезе во серијата од 4-0, но сепак, до крајот на полувремето ја врати предноста и замина на пауза со водство од 12-10.
Нападот на македонскиот тим не функционираше во второто полувреме, а одбраната тешко се снаоѓаше со формацијата „7 на 6“ на Порто, што резултираше со водство на португалскиот тим од 20-17 во 49 минута, а Вардар 1961 немаше сили до крајот да го избегне поразот, прв во салата „Јане Сандански“ по повеќе од една година.
Родригез со четири голови беше најефикасен во редовите на „црвено – црните“.
Реваншот во Порто на програмата е на 29 октомври.
По третото коло во групата Ф, Вардар е на третото место со два бода, еден помалку од второпласираниот Порто. Германски Мелсунген е лидер со максимални шест босови, а исландски Валур на последното место без освоен бод.
Ново на Сител
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања