-->
-->
Ванхауте на средба со работната група за медиумите
-->

Разговорите за реформирање на медиумската сфера помеѓу претставниците на четирите политички партии со белгискиот посредник Питер Ванхауте продолжија попладнево во Клубот на пратеници.
Пред почетокот на разговорите Ванхауте изјави дека не е преголем оптимист и оти може да се најде решение за прашањето за медиумите доколку се знаат позициите на засегнатите страни.
Земени се во предвид, како што рече, сите предлози на здруженијата на новинарите, асоцијациите и партиите. - Свесен сум дека нема многу време за договор, но се надевам на решение, додаде Ванхауте.
На денешните разговори присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и САД, Џес Бејли и Аиво Орав.
Последната средба одржана минатата недела беше без напредок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
