Вангеловски: СЈО одбива да постапува по барање на Врховен суд
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски во денешното соопштение до медиумите наведува дека Специјалното јавно обвинителство одбива да постапува по нивното барање, со што влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред овој суд.

- Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 06.04.2017 година беше доставено барање за информација до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Поради итниот карактер на доставеното барање, шефот на кабинетот на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија оствари неколку телефонски разговори со шефот на кабинетот на кавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од каде се уште нема одговор по поднесеното барање, се вели во соопштението.
Од Врховниот суд на Република Македонија сметаат дека „Обвинителството очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија, со што, како што додаваат, влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред овој суд“.
Ново на Сител
-

Стручно мислење: Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
-

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
-

Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
-

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос - предвидени се бројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија | ВИДЕО
-

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија порасна на 40, прогласена тридневна жалост
-

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026
