-->
-->
Вандализам врз новопоставената урбана опрема во Македонска Каменица
-->

Не престанува вандализмот врз новопоставената урбана опрема во Македонска Каменица. Во текот на викендот забележани се видни оштетувања врз скоро засадените декоративни и цветни садници, додека денес, како што информираат од Јавното претпријатие „Камена река“, оштетувањата се видни и кај новопоставениот систем „капка по капка“.
-Од страна на несовесни граѓани украдени се поголемиот број на „капалки“ кои го регулираат истекот на вода од системот. Веќе се работи на поправка врз оштетувањата на системот „капка по капка“, поправка, која нас како претпријатие кое е задолжено за одржување на истиот, ќе не чини дополнителни средства, што ќе се одрази и на буџетот на граѓаните. Затоа апелираме до граѓаните секое забележано несовесно однесување врз урбаната опрема, граѓаните да го пријават до надлежните органи, велат од ЈП „Камена река“.
Додаваат дека претходно неодговорни лица ги уништиле и откорнале засадените листопадни и зимзелени дрвја, како и декоративните цветни насади во централното градско подрачје. Освен тоа нагрдени се и поставените експонати во „Паркот на рударите“, а уништена е и урбана опрема.
Од овие причини за вандализмот известени се сите надлежни органи, а ќе биде засилено и присуството на општинското обезбедување. Сторителите кои ќе бидат фатени, ќе одговараат за причинетата материјална штета, се вели во соопштението од општина Македонска Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
