Ванчо Петрушевски: Нашите непријатели сакаат да се откажеме, но нема откажување!
Легендарниот македонски актер Ванчо Петрушевски пред насобраните граѓаните пред Собранието, на протестот за заедничка Македонија, кажа дека нашите непријатели во моментов не мируваат, пратеничката од Албанија Месила Дода ја негираше нашата држава, тој кажа дека протестира против оние кои не ја осудиле.
-Јас сум Иван Петрушевски, Ванчо, Рамче, Сотка, Јаков, Чика Димитрије, Мемо, Селим, Цаци и уште многу други. Денеска ја сум овде за да протестирам, прво протестирам за флагрантното кршење на Македонија, ние сме нападнати со Тиранска Платформа, но нашите непријатели не мируваат, не напаѓаат, пратеничката Месила Дода ја негираше нашата држава, протестирам против сите оние кои не го осудија ова, нашиот протест е за заедничка Македонија, овој протест е се помасовен и помасовен, и се повеќе вродува со плод. За нас кои учествуваме во овој протест, знаат сите и Европа и Русија и Америка, знаат и нашите непријатели, кои сакаат да се откажеме, нема откажување, порача Петрушевски.
Ванчо Петрушевски напомена да на овој протест сретнал луѓе од сите вери и националности.
-Сега се работи за македонскиот народ, овој народ македонски. И во овој протест македонски јас сретнав луѓе од сите исповести. Во Македонија живеат 21 процент од муслиманската вероисповест, во нив има Турци, Роми и Македонци муслимани и нашите браќа Албанци, кои тврдат дека се третина од државата, не се, изјави Петрушевски.
Ние повеќе не сакаме да живееме во апархејд, таму владаат 15 проценти со народот, тоа нема да го дозволиме. Денеска имавме поддршка од Петир, јасно и гласно каже дека Тиранската платформа не смее да постои и да ја наруши државата. Секој ден ќе има се повеќе кај нас кои не ја сакаат платформата. Нашата крајна цел ќе биде попис и нови избори, порача Петрушевски
Ново на Сител
-
Лами: Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Северна Македонија
-
Сончево и посвежо, од сабота пораст на температурите
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор