-->
-->
Ван Гал: Во 2017 се повлекувам од фудбалот
-->
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Луј Ван Гал, на прес конференцијата во пресрет на мечот со Волфсбург во Лигата на шампионите, го најавил своето повлекување од фудбалот.
„Ќе го напуштам фудбалот и Манчестер Јунајтед во 2017 година. Тоа ќе го направам бидејќи тоа и го ветив на сопругата. Тогаш ќе одиме во нашиот заеднички рај. Ветувањата не смеат да се кршат“, рекол Ван Гал.
„Оваа работа е чудна и никогаш ништо не можеш со сигурност да кажеш. Кога имав 55 години и ветив на сопругата дека ќе се повлечам кога ќе имам 65 години, а тоа е во 2017-та“.
Потоа холандскиот стратег проговорил и за мечот со Волфсбург, кој ќе се одигра во среда во Манчестер.
„Екипата полека созрева. Напредуваме од натпревар во натпревар, а тоа ни е потребно за да ја освоиме Премиерлигата и Лигата на шампионите. Против Волфсбург нема да играат Ерера, Валенсија и Карик, а Швајнштајгер ќе биде подготвен“, рекол Ван Гал.
Јунајтед со пораз од ПСВ Ајндховен (2:1) стартуваше во Лигата на шампионите, додека Волфсбург во првото коло славеше над ЦСКА Москва со 1:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено