-->
-->
Валентина останала без работа, дома се вратила со 2,5 евра и за две години направила куќа
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/october/tnjagerhrtjhdztj-145534.jpg?itok=04DAJUTO)
Не постојат машки и женски работи - Валентина работи се. На имтоот на нејзиниот дедо се вратила по 10-годишно работење како новинар.
Пред две години останала без работа и со заштедените 10 евра купила карта за Бања Лука - Купрес во еден правец. Првите заработени пари и биле работење на земја на непознат терен каде има мински бомби.
- Знам дека размислував - Боже, кога ќе кренам нога, што ќе се случи. Дали ќе останам жива или нема, раскажала Валентина Дувњак.
Новиот живот го започнала во Купрес. Таа од напуштената куќа ги вадела камењата, циглите, гредите. не ни насетувала дека ќе знае да ѕида, да издлабува и да гради.
- Последните цигли кога ги поставив лушпите паднаа врз мене. јас се качував на греди, мајка ми ми даваше цигли и малтер во мала кантичка од килограм бидејќи не можам да подигнам голема канта.
Морков, цвекло, зелка, лук - носат солидни приходи.Зеленчукот произведен природно без било какви хемиски додатоци, на надморска висина од 1.200 метри го рекламира на социјалните мрежи и, им доставува на купувачите.
- Што ти вреди ако морковот од два килограми не е здрав, рекла Валентина
Работниот ден и започнува пред изгрејсонцето. Со нејзината мајка ја обработуваат земјата рачно. Дури и вода носат во канти.
Во градината често навратува и дивеч поради што поставиле електричен пастир
Зајакот и ја јаде зелката, мечето го ајде јаболкото, додека пак волците и поминуваат низ куќа поради потрага по вода.
- Дивите животни тука се сосема нормална појава. Селото е напуштено и тие се спуштаат бидејќи сега ова го сметаат за своја територија, рекла Валентина.
Кога се вратила во селото немала ни струја, ниту вода. Зимите биле ладни дури стигале до -25 степени, а кога ќе паднел снег, со месеци не излегувала од дома.
Но, по животот за градот не жали. Таму работела неколку работи била подстанарка и постојано под стрес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО