-->
-->
Валенсија се засили со Португалецот Нани
-->

Португалскиот репрезентативец Нани е нов член на шпанската екипа Валенсија.
Трансферот го потврди тимот од „Местаља’’ преку краткото соопштение кое го објави на својот официјален интернет сајт.
„Валенсија со задоволство може да информира дека постигна договор со Нани за соработка во наредните три сезони“ – пишува во соопштението на клубот.
Португалскиот фудбалер кој досега беше член на турскиот гигант Фенербахче, со екипата на Валенсија потпишал три годишен договор и за прв пат во својата кариера ќе настапува во шпанската Примера.
Нани кој вечерва со Португалија ќе го игра полуфиналниот натпревар со Велс на Европското првенство во Франција, на „Местаља“ официјално ќе биде претставен по завршувањето на ЕУРО 2016.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
