-->
-->
Валенсија и Сосиедат го отвораат последното коло во Примера
-->

Со натпреварот меѓу Валенсија и Сосиедад кој ќе се игра вечерва од 20 часот и 30 минути, ќе започне последното 28.коло во фудбалското првенство на Шпанија.
Вечерашниот меч на „Местаља’’ е без резултатско значење за двете екипи, но затоа, првите два натпревари кои ќе се играат утре (сабота) од 17 часот ќе решаваат за шампионскиот трофеј.
Барселона која има само еден бод предност во однос на Реал Мадрид, ќе гостува кај Гранада која е во опасната зона за испаѓање од Примера.
Реал Мадрид ќе чека кикс на Барселона, па со евентуална победа во Ла Коруња кај Депортиво „кралевите“ може да го освојат шампионскиот трофеј.
Во зависност од настапите на Барселона и Реал, теоретски сеуште шанса за освојување на првото место има и Атлетико Мадрид.
Двојките за викенд натпреварите се:
Сабота
17:00 Депортиво Ла Коруња - Реал Мадрид
17:00 Гранада – Барселона
19:30 Атлетик Билбао – Севиља
19:30 Атлетико Мадрид - Селта Виго
Недела
12:00 Малага - Лас Палмас
19:00 Еспањол – Еибар
19:30 Рајо Ваљекано – Леванте
19:30 Бетис – Гетафе
19:30 Спортинг Хихон - Виљареал
Табела:
Барселона 88 бода,
Реал Мадрид 87,
Атлетико Мадрид 85,
Виљареал 64,
Селта Виго 60,
Атлетик Билбао 59,
...............................
Гранада 39,
Гетафе 36,
Спортинг Хихон 36,
Рајо Ваљекано 35,
*Леванте 32.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
