Валенса: Да бев на местото на САД, јас ќе ги соборев руските авиони над Балтичко Море
Поранешниот полски претседател Лех Валенса изјави дека доколку бил на местото на командантот на американскиот разурнувач „Доналд Кук“, на приближувањето на руските авиони во водите на Балтичко Море, тој ќе ги соборел.
-Да бев на местото на командантот на тој брод, над нас да пролетаа тие авиони, јас ќе ги соборев. Но, не за да ги убијам пилотите. Ќе ги гаѓав во крило, изјави Валенса во интервју за полското радио „Слобода“.
Поранешниот полски претседател е уверен дека таквата реакција не би предизвикала воен судир, пренесуваат руските медиуми.
-Каков судир? Никој не сака судир, вклучувајќи ја и Русија. Таа, меѓутоа, сака да постигне победа со застрашување и уценување. Русија не може да си дозволи судир, тоа е ужасно скапо, рече полскиот политичар.
Во април САД ја обвинија руската војска за опасното приближување на авионите „Су-24“ до американскиот разурнувач „Доналд Кук“, што изведуваше воена вежба во меѓународните води на Балтичко Море.
Вашингтон изрази загриженост за инцидентот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските пилоти притоа ги почитувале сите мерки за безбедност.
Ново на Сител
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 4 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание