-->
-->
Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-->

На 17.03.2026 во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки.
По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите 17 американски „Stryker-и“ - Мисајловски најавува нови набавки за модернизација на АРМ
-

Трајанов: Во Македонија има 102 лица повратници од ИСИС, влијанието на Исламска држава е мало
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
