Вал: Уставниот суд продолжува да служи како витален столб во заштитата на човековите права, владеењето на правото и демократијата

Преку својата јуриспруденција, Уставниот суд не само што ги одбрани индивидуалните права на новинарите, туку и активно придонесе за слободно и демократско медиумско известување. Со оваа епохална одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на посилно демократско општество во Северна Македонија.
Ова го истакна во своето излагање амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на меѓународната конференција организирана по повод 60 годишниот јубилеј од основањето на Уставниот суд.
-Едноставното споменување на богатата судска пракса на Судот нема да им оддаде признание на нивните напори, но многу е важно да се истакне дека, низ целата негова стожерна работа, Уставниот суд воспостави доктрина на позитивната обврска на државата да ги обезбедува слободите и правата. Судот го постави овој стандард со тоа што ја зеде предвид праксата на Европскиот суд за човекови права при заштитата на слободата на изразување и заштитата на новинарите. Преку својата јуриспруденција, Судот не само што ги одбрани индивидуалните права на новинарите, туку и активно придонесе за слободно и демократско медиумско известување. Со оваа епохална одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на посилно демократско општество во Северна Македонија, рече шефот на Мсијата на ООСЕ со чија поддршка беше организирана денешната конференција Уставниот суд и неговиот придонес за напредок на демократскиот развој на општеството. .
Шефот на мисијата на ОБСЕ, изрази поддршка за Уставниот суд за воведување на уставна жалба и потенцираше:
-Долго време се застапува зајакнувањето на Уставниот суд преку воведување на сеопфатниот механизам на жалба. Со доверувањето мандат на Уставниот суд директно да ги обработува жалбите на граѓаните, наместо да се потпираме на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ја правиме правдата попристапна и поблиску до дофатот на сите граѓани на Северна Македонија, рече амбасадорот Вал.
Стоејќи на овој крстопат, на кој го славиме минатото и гледаме кон иднината, тој порача да биде обновена колективна заложба за поддршка на патувањето на Уставниот суд.
-Мисијата на ОБСЕ во Скопје е ваш партнер на ова патување на кој може да се потпрете. Неодамнешното потпишување на обновениот Меморандум за разбирање помеѓу Мисијата и Уставниот суд сведочи за нашата заедничка заложба за зајакнување на капацитетот на Судот. Заедно со Вас и сите наши партнери, се посветуваме да го поддржиме Судот кој продолжува да служи како витален столб во заштитата на човековите права, зачувувањето на правдата, владеењето на правото и демократијата во Северна Македонија, рече Вал, кој беше од говорниците на конференцијата.
Ново на Сител
-

Од Прилеп и Мариово до светскиот пазар – македонскиот рубин тргнува во меѓународна промоција
-

Герасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучавата
-

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
-

Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран
