Вакцините на Астра Зенека и Џонсон и Џонсон не се препорачуваат во Норвешка
Вакцините против Ковид-19 на британско-шведската компанија Астра Зенека и Џансен на американската компанија Џонсон и Џонсон не треба да се користат во норвешката програма за вакцинирање.
Таква препорака денеска даде владина група експерти за вирусни векторски вакцини, јави телевизијата НРК.
Норвешка сè уште не започнала да ја користи вакцината Џансен, која беше одобрена во ЕУ и Кралството на 11 март. Одлуката се заснова на фактот дека можните несакани ефекти – згрутчување на крвта, бараат дополнително проучување.
Вакцината на Астра Зенека во Норвешка беше укината истиот ден, на 11 март, по извештаите за згрутчување на крвта и нарушувања на коагулацијата на крвта кај вакцинирани лица. Норвешката агенција за јавно здравје, како и експертската група, препорачува вакцината целосно да се исклучи од програмата за вакцинација.
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
