Вакцинирани 35.000 граѓани, нови вакцини кон крајот на април
Околу 35 000 граѓани се вакцинирани до вчера во земјава. Од нив, околу 13 000 ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 000 на располагање, нешто помалку од 3000 има од руската „Спутник“ и 1000 од кинеските вакцини. Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.
На 19 и 26 април, како што беше завчера соопштено, се очекува во државава да стигнат по 10 000 вакцини „Фајзер“. – Дози од вакцините се распределуваат низ пунтовите низ државата, а системот ќе се дополни и со вакцините на „Фајзер“, кои во понеделник со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје, изјави вчера Филипче.
Околу 28 април ќе дојдат и 200 000 кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.
Оцени дека имунизацијата се одвива добро и со иста динамика, но дека има поголема фреквенција на закажување во текот на оваа недела. Најави и подготвување на поголеми пунктови во шесте градови кои ќе бидат регионлани центри за имунизација. -Планот е да се зголеми бројот на закажани термини во пунктовите во шесте градови – во спортски сали, улилишта или каде што ќе се одреди дека е најсоодветно, а тимот од Министерството кој ја организираше работата во СЦ „Борис Траковски“ викендов ќе оди да ги посети шесте градови кои ќе бидат регионални центри, изјави Филипче.
Неподвижните лица, рече, ќе бидат вакцинирани теренски, во нивните домови, согласно со пријавувањата и приоритетите. На прашањето кога ќе се вакцинира тој и со која вакцина, министерот одговори дека нема преференции и дека сите се безбедни.
-Нека стигнат повеќе вакцини, ќе се вакцинирам и јас. Доколку видиме и процениме дека постои сомнеж, а во овој момент не гледам, освен она што постоеше за „Астра Зенека“ за која ние веќе зазедовме став, одговори Филипче.
Ново на Сител
-
Студено утро, преку денот сончево и ветровито
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив
-
Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
-
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
-
Од фудбалски соништа до интернет сензација | Стефан Лазаров | Неформално | Sitel Podcast 082
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет